– не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
– бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
• Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
• Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
2.4 Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од изгореници и
оштетување на апаратот.
• Не ја отворајте вратата од апаратот
додека готвите со пареа. Може да
излезе пареа.
2.5 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди, пожар
или оштетување на
апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.6 Внатрешна светилка
• Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од
напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.7 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
www.aeg.com6
Komentarze do niniejszej Instrukcji