
го остатокот од путерот во мали грутки врз
јадењето.
– Ниво на решетка: 2
16 - ЛАЗАЊИ
Состојки за сосот со месо:
• 100 g сланина од пафлак
• 1 кромид
• 1 морков
• 100 g целер
• 2 супени лажици маслиново масло
• 400 g мелено месо (мешавина од јунешко и
свинско)
• 100 ml бујон од месо
• 1 мала конзерва домати, на парчиња
(околу 400 g)
• оригано, тимијан, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
• 75 g путер
• 50 g брашно
• 500 ml млеко
• сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
• 3 супени лажици путер
• 250 g зелени листови за лазањи
• 50 g пармезан, рендан
• 50 g рендан ементалер
Метод:
• Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и исечкајте ја
на ситни коцки. Излупете ги кромидот и
морковот, исчистете го целерот, исечкајте
го сиот зеленчук на ситни коцки. Загрејте го
маслото во земјена или огноотпорна тава,
кратко пропржете ја сланината и сечканиот
зеленчук со постојано мешање за да го
измешате зеленчукот и да се измеша со
сосот од месото. Зачинете го сосот од месо
со пирето од домат, билките, солта и
црниот пипер и варете го покриен на тивок
оган околу 30 минути. Во меѓувреме,
подгответе го бешамелот: Растопете го
путерот во тава, додајте го брашното и со
постојано мешање пржете додека не добие
златна боја. Постепено и со постојано
мешање налејте го млекото. Зачинете го
сосот со сол, црн пипер и мускатно оревче
и варете го отворено околу 10 минути.
Премачкајте голем правоаголен
огноотпорен сад со 1 супена лажица путер.
Наизменично, во слоеви, редете ги во
садот листовите од тестенината, сосот од
месо, бешамелот и измешаното сирење.
Последниот слој треба да биде бешамел
посипан со сирење. Остатокот од путерот
наредете го во мали парчиња врз
јадењето.
– Ниво на решетка: 1
17 - КАНЕЛОНИ
Состојки за филот:
• 50 g кромид, сечкан
• 30 g путер
• 350 g спанаќ, сечкан
• 100 g кисела павлака
• 200 g свеж лосос, сечкан на коцки
• 200 g гргеч, сечкан на коцки
•150 g шкампи
• 150 g месо од школки
•сол, црн пипер
• 50 g пармезан, рендан
• 150 g рендан ементалер
Состојки за сосот бешамел:
• 75 g путер
• 50 g брашно
• 500 ml млеко
• сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
• 1 пакетче канелони
• 50 g пармезан, рендан
• 150 g рендан ементалер
Метод:
• Ставете ги кромидот и путерот во тава и
гответе ги полека додека не станат
проѕирни. Додајте ги сечканите листови
спанаќ и варете ги кратко и на тивок оган.
Додајте ја киселата павлака, промешајте и
потоа оставете да се излади. Во
меѓувреме, подгответе го бешамелот:
МАКЕДОНСКИ 7
Komentarze do niniejszej Instrukcji