11. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
11.1 Внатрешна страна на
вратата
Кај некои модели, на внатрешната
страна на вратата можете да ги
најдете:
• Бројот на позиции на решетката.
• Информации за функциите за
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени оброци.
Температурата и времињата
на печење во табелите се само
водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките што
се употребуваат.
11.2 Готвење на пареа
Садови за готвење на пареа
• Користете само садови за готвење
отпорни на топлина и корозија или
хромирани садови за храна (само за
одредени модели).
Положби на решетките
• Точните позиции на решетката се
ставени во табелата подолу.
Позициите на решетката се бројат
од долу кон горе.
Општи забелешки
• При готвење подолго од 30 минути
или при готвење големи количини
храна, додајте вода ако е
неопходно.
• Ставете ја храната во соодветните
садови за готвење и ставете ги
садовите на решетките. Погрижете
се да има растојание меѓу
решетките за да може пареата да
циркулира околу секој сад.
• После секоја употреба, извадете ја
водата од фиоката за вода,
поврзувајќи ги цревата и
генераторот на пареа. Видете во
поглавјето „Нега и чистење“.
Забелешки за табелите за готвење на
пареа
• Табелите даваат податоци за
вообичаените јадења.
• Температурата и времето се само
како водич и зависат од типот,
димензиите и количината на храна
и од садовите.
• Користете го скоро истиот рецепт
ако не можете да ги најдете
поставките за вашиот рецепт.
• Започнете ја процедурата со ладна
печка ако податоците во табелите
се различни.
• При готвење ориз, користете однос
на вода и ориз од 1,5:1 - 2:1 бидејќи
оризот апсорбира вода.
11.3 Табела за вода за пареа
Вода во фиоката за вода (ml)
Време
1)
(мин.)
400 15 - 25
600 25 - 40
800 40 - 50
1)
Времињата се само како водич.
11.4 Со пареа/Еко пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја отворајте вратата на
апаратот кога функцијата е
активирана. Постои опасност
од изгореници.
Функцијата важи за сите видови на
храна, свежа и замрзната. Може да ја
користите за готвење, загревање,
динстање или бланширање на
зеленчук, месо, риба, тестенини, ориз,
пченка, гриз и јајца.
Менија за готвење: Можете да
подготвите целосен оброк со едно
МАКЕДОНСКИ 25
Komentarze do niniejszej Instrukcji