
Три минути по крај на програма, сите показни светла се гасат и на дигиталниот екран
се прикажува една хоризонтална линија.
Притиснете некое копче (не копчето за вклучување/исклучување) за да се вратите во
состојбата по завршување програма.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да чистите кој било негов дел, ставете го уредот во положба OFF (исклучено).
Чистење на филтрите
ВНИМАНИЕ
Не користете го апаратот без филтрите. Внимавајте филтрите да се правилно
наместени. Инаку ќе има послабо миење и може да се оштети апаратот.
Апаратот има 2 филтри:
1. микрофилтер
2. плоснат филтер
Направете го следново за да ги исчистите
филтрите:
1. Отворете ја вратата.
2. Извадете ја корпата.
3. Извадете ги филтрите од долниот дел
на апаратот.
4. Исчистете ги филтрите под чешма.
5. Вратете ги филтрите на место.
6. Свртете го микрофилтерот надесно за
да се заглави.
Чистење на прскалката
Редовно проверувајте ја прскалката. Отстранувајте ги честичките храна од дупките на
прскалката.
Ако е неопходно, постапете вака за да ја
расклопите:
1. Свртете ја навртката налево.
2. Извадете ја прскалката.
3. Исчистете ги дупките целосно.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла со влажна
мека крпа. Користете само неутрални детергенти. Не употребувајте абразивни
производи, жица за стружење или растворувач (ацетон, трихлоретилен итн....).
18 Нега и чистење
Komentarze do niniejszej Instrukcji