
Безбедност на децата
• Со овој уред смеат да ракуваат само возрасни. Децата мора да се надгледуваат за
да бидете сигурни дека нема да играат со уредот.
• Држете ја сета амбалажа подалеку од децата. Постои ризик од задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте им на децата да го
допираат детергентот.
• Држете ги децата подалеку од уредот кога вратата е отворена.
Местење
• Уверете се дека уредот не е оштетен во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетен уред. По потреба побарајте го добавувачот.
• Отстранете ја сета амбалажа пред првата употреба.
• Инсталирањето на електриката и на водоводот мора да го изведува квалификувано
икомпетентно лице.
• Не обидувајте се да ги менувате спецификациите или да го модификувате овој
производ на кој било начин. Тоа може да предизвика повреда.
•Не менувајте ги спецификациите и не вршете измени на производот. Опасност од
повреди или оштетување на апаратот.
• Не користете го апаратот:
– ако кабелот за напојување или цревата за вода се оштетени,
– ако контролната табла, работната површина или подножјето се оштетени така
што има пристап до внатрешноста на апаратот.
Јавете се на локалниот сервисен центар.
• Не дупчете ги страниците на апаратот за да не се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При поврзување на струјата и на водата, внимателно следете ги упатствата наведени
во соодветните поглавја.
Безбедносни информации
5
Komentarze do niniejszej Instrukcji