AEG F55200W0 Instrukcja Użytkownika Strona 22

  • Pobierz
  • Dodaj do moich podręczników
  • Drukuj
  • Strona
    / 28
  • Spis treści
  • BOOKMARKI
  • Oceniono. / 5. Na podstawie oceny klientów
Przeglądanie stron 21
Уверете се дека во мебелот има отвори за доводното црево, одводното црево и за
кабелот за струја.
Нивелирање на апаратот
Внимавајте апаратот да е нивелиран за да може вратата да се затвора добро. Ако
нивелирањето на апаратот е правилно, вратата нема да закачува ниедна од страните
на плакарот. Ако вратата не се затвора правилно, олабавувајте ги или стегајте ги
ногарките додека машината не се изнивелира.
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВОДАТА
Црево за довод
Апаратот е опремен со безбедносни функции што спречуваат водата да се врати во
системот на вода за пиење.
Приклучете го апаратот на довод на топла (макс. 60°) или студена вода.
Ако топлата вода доаѓа од алтернативни извори на енергија што се поеколошки (на
пр. соларни или фотоволтни плочи и ветерници), користете топла вода за да ја
намалите потрошувачката на енергија
Важно е чешмата или славината да е блиску до машината и да е лесно пристапна.
Поврзете го доводното црево со славина со надворешен навој од
3/4 цола”.
Ако е доводното црево прекусо, заменете го со соодветно
подолго црево за висок притисок. Не поврзувајте продолжно
црево.
За да одговара на местењето, можно е да се сврти крајот на
цревото што е поврзано со машината за садови. Постапете вака:
1. Разлабавете ја прицврсната навртка.
2. Свртете го цревото.
3. Стегнете ја прицврсната навртка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте прицврсната навртка и сите други поврзувања да се стегнати пред да ја
ставите машината на место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Секогаш користете ново доводно црево. Не користете црева за поврзување од стар
апарат.
Одводно црево
Апаратот има систем за обезбедување што спречува оштетувања од вода. Ако дојде
до дефект, црпката автоматски почнува да ја празни преостанатата вода од машината
за садови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Само ако машината е поврзана со штекер, безбедносниот систем работи кога
машината е исклучена.
22 Поврзување на водата
Przeglądanie stron 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

Komentarze do niniejszej Instrukcji

Brak uwag